Тупанчевски: Преговорите за СЈО – еклатантен пример како не треба да течат реформите

Преговорите за новиот закон за Јавното обвинителство, во чии рамки е и статусот на СЈО е еклатантен пример како не треба да течат реформите во Република Северна Македонија, оцени денеска професорот Никола Тупанчевски од Правниот факултет во Скопје, и поранешен наципонален претставник во ГРЕКО, посочувајќи дека тоа е ставот на поголемиот број негови колеги од правната фела.

Според него, извештајот на ГРЕКО, на Рајнхард Прибе и од ЕК се одлична рамка за натамошно подобрување на правната рамка во земјава, особено во практицирање на правото.

– Можеби на почетокот имаше некаква инклузија на стручната јавност. Сепак, на крајот се сведува на некаков политички, патиски договор, за кој не сум сигурен дека ќе го даде оптималното решение во однос на овој сериозен системски зкаон, за кој имаме сериозни очекувања – рече Тупанчевски на денешиот експертски состанок на тема „Улогата на новоизбраната Државна комисија за спречување на корупцијата” во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер” – Програма за владеење на правото во ЈИЕ и Институтот за општествени истражувања МК-91.

За професорот од Правниот факултет, Тупанчевски, клучно е прашањето за која верзија од Предлог-законот се преговара и кој преговара.

–  Ако продолжиме со нашата практика законите да ги носиме во Клуб на пратеници, тогаш тоа ќе биде сериозна пречка во сериозната реформа на македонската општествена сфера – нагласи професорот Никола Тупанчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот