Тупанчески по повод Европскиот ден на правдата: Задоцнетата правда е негирање на правдата

Никола Тупанчевски министер за правда / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Задоцнетата правда е негирање на правдата, напиша на Фејсбук утрово министерот за правда Никола Тупанчески по повод 25 октомври-Европскиот ден на правдата.

-Задоцнетата правда е негирање на правдата! Навремен и еднаков пристап до правда за сите! Наша обврска е на сите граѓани да им обезбедиме соодветни независни и непристрасни судски и вонсудски механизми. Бесплатна правна помош за лицата кои живеат во сиромаштија! Таа е гаранција дека граѓаните кои се во тешка финансиска состојба ќе добијат правна помош од адвокат и фер судење, стои во честитката на Тупанчевски.

Одбележувањето на Европскиот ден на правдата е со цел на граѓаните во Европа да им се овозможи одблизу да бидат запознаени со нивните основни права.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот