Тухел добива конкуренција, двајца Шпанци во игра за клупата на Јунајтед

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Елиминацијата во осминафиналето во Лигата на шампионите и дефинитивно значи дека Манчестер јунајтед идната сезона ќе има нов менаџер на клупата.

Управата на Јунајтед веднаш ја започна потрагата по наследник на Ралф Рангник кој не ги оправда очекувањата и направи листа од пет имиња кои седнале на клупата. Најзвучно име на листата е тоа на Томас Тухел за кого англиските медиуми пишуваа како една од опциите уште минатата недела.

Веројатноста Тухел да го напушти Челси и да се пресели на „Олд трафорд“ не е голема бидејќи „сините“ наскоро треба да добијат нов сопственик и тоа ќе значи стабилизирање на клубот.

Јунајтед сака да го искористи хаосот во Челси и да му го украде тренерот?!

Покрај Тухел, медиумите изминатите месеци шпекулираа со две имиња, Ерик тен Хаг од Ајакс и Маурисио Покетино кој дефинитивно ќе добие отказ во ПСЖ.

На листата на управата на Јунајтед се наоѓаат и имињата на двајца Шпанци, Хулен Лопетеги и Луис Енрике. Интересно е што и двајцата тренери, и Лопетеги и Енрике се споменуваа како потенцијални тренери на Манчестер јунајтед уште пред да биде ангажиран Оле Гунар Солскјер.
Лопетеги моменто е тренер на Севиља, додека Енрике е селектор на селекцијата на Шпанија.

Поранешниот голман на Јунајтед, Марк Боснич смета дека управата мора да му дозволи на идниот менаџер да има целосна контрола во клубот каква што имаше сер Алекс Фергусон, доколку сака да се врати во битката за трофеите.

– Без разлика кого и да изберат да биде нов менаџер, мора да му дозволат да има целосна контрола на случувањата во првиот тим каква што имаше сер Алекс Фергусон. Значи, менаџерот мора да го има последниот збор за трансферите и за заминувањата од екипата – смета Боснич.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот