Трудо: Невакцинираните туристи нема да можат да влезат во Канада

EPA-EFE/Frederic Sierakowski / POOL

Странските туристи коишто не се вакцинирани против ковид-19 нема да можат да влезат во Канада затоа што Владата не сака да го загрози напредокот постигнат во спречувањето на ширењето на коронавирусот, рече премиерот на Канада, Џастин Трудо.

– Веднаш можам да ви кажам дека тоа нема да се случи уште долго време, одговори Трудо на прашањето кога Канада ќе дозволи влез на невакцинирани лица.

Трудо додаде дека повеќе ќе зборува за тоа во наредните недели кога ќе може да се отвори канадската граница за целосно вакцинирани туристи.

Канада има 1,42 милиони заболени и над 26 000 смртни случаи од ефекти на инфекција со коронавирус.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот