Трстена: Така е во спортот, понекогаш не оди како што сакаме ние!

Новиот селектор Милевски ќе го има дебито против Ерменците во Скопје/Фото: ФФМ

И легендата на македонското борење, Шабан Трстена, освојувач на златен медал на Олимпијадата во Лос Анџелес во 1984 година, со големо внимание ги следеше настапите на најдобрата македонска фудбалска репрезентација на Европското првенство.

Трстена им честиташе на фудбалерите тие се првата генерација што испишаа историја во македонскиот фудбал обезбедувајќи пласман на едно големо натпреварување како што е континенталниот собир.

Нашите најдобри играчи во рамките од групата „Ц“ се обидоа да ги изненадат ривалите, но на крајот забележаа три максимални порази од Австрија (2:1), Украина (3:1) и Холандија (3:0).

– Браво мoмци, шампиони! Битно игравте и дадовте сè од себе за победа! Така е во спортот, понекогаш не оди како што сакаме ние. Важно вие сте прва генерација што ја испиша фудбалската историја на Македонија.

Едни заминуваат, други доаѓаат. Капитенот Пандев се збогува со репрезентацијата и се запиша во легендите, но тука се Барди, Ристовски, Елмас, Димитриевски и другите млади таленти кои треба да ни приредат нови радости и да ги гледаме на Светско или на Европско првенство и да ја израдуваат и да ја сплотат нацијата како никој друг. Тоа е магијата на спортот! – напиша Трстена на својот фејсбук профил.

ВИДЕО: Ти благодариме Пандев, и Снајдер со аплаузи за македонската фудбалска легенда!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот