Тројца крадци ограбиле бензинска во Куманово

Кумановската полиција уапси тројца арамии од Крива Паланка, кој завчера од бензинска пумпа во Куманово украле 50 различни производи од објектот.

Полицијата тврди дека завчера околу 22 часот е уапсен Ј.Е. (38) од Крива Паланка поради тоа што заедно со Д.М.(33) и С.С.(36) извршиле кражба на над 50 различни предмети. Тројцата осомничени кога забележале дека во внатрешниот продажен простор на пумпата има многу луѓе, неколку пати украле различни производи кој ги товареле во возило „сузуки гранд витара“ со бугарски национални ознаки, кое било паркирано пред пумпата.

Крадците биле забележани од вработените кој ја алармирале полицијата и агенција за обезбедување. Набрзо по пристигнувањето на полициската патрола уапсен бил Е.Ј.. Кога тој бил спроведен во полициската станица во Куманово почнал агресивно да се однесува агресивно и нападнал еден полициски службеник. За брзо време полицијата ги пронашла и ги уапсила Д.М. и С.С., двајцата од Крива Паланка.

Од МВР денеска известија дека против тројцата ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“, додека против Е.Ј. ќе биде поднесена и кривична пријава поради „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот