Тројца македонски спортисти во топ 50 на Балканот, Георгиевски најдобро рангиран

Фото: Македонска Tаеквондо Федерација, Macedonian Тaekwondo Federation WT

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски е најдобар помеѓу македонските спортисти во изборот на најдобрите спортисти на Балканот за 2023 година во изборот кој традиционално го организира Бугарската новинска агенција.

Георгиевски е рангиран на 40-тото место, додека Елиф Елмас е седум места подоле, борачот Магомедов е на делба на 50-тото место.

Очекувано на врвот се најде српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој беше победник на ова јубилејно 50-то издание на изборот „Спортист на Балканот“.

За Ѓоковиќ ова беше рекордно осмо признание, пред неговиот сонародник, Никола Јокиќ. На третото место е Бугаринот Александар Везенков.

Најдобрите пет ги пополнуваат уште Гркот Милитадис Тетоглу кој европски шампион во скок од далечина и светската шампиона Ивана Шпановиќ од Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот