Тројца крадци од радовишко фатени на дело

При лишувањето кај него бил пронајден и одземен нож.

На 27.01.2022, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Т.И.(21) од с.Подареш, радовишко, Д.И.(20) и Т.Н.(22), двајцата од с.Ињево, радовишко.

Во 22.45 часот на ул.„Широк дол” во Штип тие биле затекнати при вршење тешка кражба во обид во патничко моторно возило „опел астра”. На местото биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело. По комплетно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот