Трка за директор на СТО: Три жени по функцијата на Бразилецот Азеведа

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI / MARTIAL TREZZINI

Три жени од кои две од Африка, влегоа во вториот круг за избор на генерален директор на Светската трговска организација (СТО) на местото на Бразилецот, Роберт Азеведа кој се повлече од функцијата на почеток од август, една година пред истекот на мандатот.

Организацијата со седиште во Женева постои 25 години и никогаш досега немала жена од Африка на раководна функција.

Петте кандидати се кениската министерка Амина Мохамед, поранешната министерка за финансии на Нигерија, Нгози Окоњо-Ивеал, поранешната јужнокорејска министерка за трговија, Јо Мјунг-хе, Мухамед ал Туваиџри од Саудиска Арбија и поранешниот британски министер Лијам Фокс.

Вториот круг на гласање за директор на СТО ќе се одржи од 24 септември до 6 октомври, а конечната одлука за новиот генерален директор на организацијата треба да биде позната на почетокот на ноември.

Изборот на нов шеф на СТО воообичаено трае девет месеци, но процесот сега е сведен на три месеци. Новиот генерален директор, според непишано правило, се избира со консензус, а гласањето се користи само како крајно средство.

Наследникот на Азеведа ќе се соочи со предизвиците – реформирање на СТО, преговори во момент на растечки протекционизам, длабока рецесија предизвикана од пандемијата со Ковид-19 и трговски тензии, пред сè, меѓу САД и Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот