Трите водечки кинески производители планираат извоз на 400 милиони дози вакцини

epa08693174 Sinovac's COVID-19 vaccine candidate CoronaVac are displayed at Sinovac Biotech during a government-organized media visiting in Beijing, China, 24 September 2020. Sinovac is a Chinese vaccine maker that is developing the COVID-19 vaccine candidate called CoronaVac. EPA-EFE/WU HONG

Кинеските производители на лекови постигнаа договори со други земји за испорака на 400 милиони дози вакцини против коронавирусот.

Трите водечки кинески компании, „Синофарм”, „Синовак” и „Кансино Бајолоџикс”, имаат договори за снабдување со земји од Латинска Америка, Средниот исток и Азија, покажуваат податоците на британската компанија за анализа на научни податоци „Ерфинити” и американскиот „Дјук Глобален центар за иновации во здравството”.

Пекинг, истовремено, даде дипломатско ветување дека вакцините произведени во Кина ќе бидат „глобално јавно добро” за земјите во развој, наведува СЦМП.

Во написот на СЦПМ, меѓудругото, се отвора и прашањето како Пекинг ќе ги усогласи плановите за извоз со вакцинацијата на домашното население од околу 1,4 милијарди лица.

Според кинеските здравствени власти, некои од кинеските фарамцевтски компании кандидати за вакцини собрале доволно податоци за привремена анализа на третата фаза од испитувањето и тие биле доставени до регулаторите.

Кина веќе почна со испораката на вакцини во земјите ширум светот, пред се во земјите кои помогнаа во клиничките испитувања, како што се Бразил и Индонезиј

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот