Тринаесетгодишно момче стана најмладиот практикант досега во Луј Витон

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Тринаесетгодишниот дизајнер Милан од Париз, стана најмладиот практикант на „Луј Витон“, откако неговата мајка Луиза Одеса сподели фотографии од неговите дизајни на социјалните мрежи во ноември.

Луиз Одеса, од Париз, објави слики од скиците на нејзиниот син Милан на Икс, порано познат како Твитер, со надеж дека ќе му обезбеди одредено работно искуство, пишува „Дејли мејл“.

Во своите објави, мајката објаснила колку очајно сака да ги негува креативните таленти на Милан и знаела дека тој не би сакал да се стажира во „било која модна куќа“.

Милан, кој боледува од нарушување на вниманието, дизајнирал патики, багаж и салонки. Неговите скици потоа ги презел локален француски весник и го привлекол вниманието на луѓето од „Луј Витон“. Престижната куќа била толку импресионирана од дизајните на момчето што му понудиле стажирање.

– Таму е поубаво отколку на училиште. Се чувствував како да припаѓам на заедницата – изјавил Милан.

За време на стажирањето, Милан продолжил да прави скици и креирал актовка во согласност со креативната визија на брендот. По една недела стажирање, мајката на момчето им се заблагодарила на сите што ѝ помогнале да го оствари сонот на нејзиниот син.

– Верувајте во себе! Верувајте во своите соништа! Сè е можно – изјавила таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот