Тригодишно девојче од Тексас случајно нашло пиштол и ја убилo четиригодишната сестра

САД Полиција/ Фото: Chris Howes/Wild Places Photography / Alamy / Alamy / Profimedia

Тригодишно девојче нашло полн пиштол во домот во Тексас и случајно ја застрелало својата четиригодишна сестра. Девојчето починало, пренесува „Си-Би-Ес“.

Шерифот на округот Харис Ед Гонзалес изјави дека инцидентот се случил синоќа околу 20 часот по локално време и дека девојчињата биле во спалната соба во станот во Хјустон каде што живееле со своите родители. Со нив во домаќинството живееле и други членови на семејството.

Девојчињата биле во спалната соба без родителски надзор кога 3-годишното девојче пронашло наполнет полуавтоматски пиштол и испукало еден куршум кон нејзината сестра, рекол шерифот.

Откако го слушнале истрелот, родителите се упатиле кон спалната соба и го нашле четиригодишното девојче на подот. Девојчето починало на лице место. По инцидентот семејството веднаш повикало полиција и брза помош.

Окружното обвинителство на округот Харис по истрагата ќе одлучи дали некој од родителите или другите членови на семејството ќе се соочат со обвиненија. Истрагата се уште е во прелиминарна фаза, рече шерифот.

„Кога детето ќе го загуби животот на овој начин, заедницата е засегната. Оваа трагедија е една од многуте што можеше да се избегне. Продолжуваме да испраќаме порака дека ова може да се спречи.

Мора да бидете одговорен сопственик на пиштол и мора да го чувате на безбедно место. Тоа е повеќе од кажување на малите деца да не допираат пиштоли. Има премногу вакви трагедии“, рекол шерифот Гонзалес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот