Рецепт за торта со шам, чоколадо и боровинки, со која летото официјално може да започне

Фото: Пекселс/ таня-товт

Оваа торта малку се разликува од класичниот крем колач, а толку е вкусна и освежителна што ќе ви стане омилен начин за „подготвување“ на боровинки.

Боровинките се добро позната суперхрана. Тие се богати со антиоксиданси, витамин Ц и влакна, се смета дека ја подобруваат меморијата и се важен извор на манган, кој помага во развојот на коските и метаболизмот на протеините, јаглехидратите и мастите.

Чоколадото е едноставно одлично, и тоа не треба да го објаснуваме. Кората од шам врз оваа торта совршено ќе ги избалансира вкусовите, а со само малку труд колачот ќе изгледа фантастично.

Состојки:
Пандишпан:

– 100 г брашно
– 25 г какао
– 25 г шеќер во прав
– 100 г путер
– 1 голема жолчка

Крем:

– 125 мл млеко
– 2 големи жолчки
– 1 лажица пченкарно брашно
– 1 лажица бело брашно
– 3 лажици шеќер
– 175 г слатка павлака
– 300 г боровинки

Кора од шам:

– 3 поголеми белки
– 125 г шеќер
– 1 лажица пченкарно брашно
– какао во прав за посипување или боровинки за декорација

Подготовка:

Во сад ставете брашно, какао, малку сол и шеќер во прав. Измешајте го путерот со раце, а потоа додадете ја жолчката и 2 лажички ладна вода и замесете мазно тесто. Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер 30 минути.

Загрејте ја рерната на 190 степени.

Расукајте го тестото на набрашнета површина. Калапот за торта со дијаметар од 20 см обложете го со хартија за печење. Тестото избоцкајте го со вилушка и печете го 25 минути. Оставете да се излади.

Намалете ја температурата на рерната на 180 степени.

Во тенџере измешајте ги млекото, жолчките, брашното, шеќерот и слатката павлака. Сварете ја смесата и додадете половина од боровинките, изгмечете ги за кремот да добие виолетова боја. Додадете ги останатите боровинки и измешајте. Истурете го кремот врз изладениот пандишпан.

Во посебен сад изматете ги белките во густа пена и постепено измешајте ги со шеќерот. Нежно измешајте го пченкарното брашно.

Нанесете ги белките со лажица врз кремот и обликувајте ги по желба, конусните врвови ќе изгледаат импресивно. Печете 15-20 минути на 175 степени за да се исуши повеќе отколку да се испече, додека не се стегнат белките. Оставете да се излади на собна температура.

Украсете со боровинки или какао во прав и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот