„Три“ објави ново издание на вонвременската драма „Диво месо“ од Горан Стефановски

Драмата „Диво месо“ со нов дизајн на корицата

Ремек-делото на македонската драмска книжевност, „Диво месо“ од Горан Стефановски, е објавено во ново издание од издавачкиот центар „Три“. Писателот и драмски автор Венко Андоновски истакнал дека „кој не ја прочитал или не ја гледал на сцена ‘Диво месо’ – тој како да не живеел за книжевноста и театарот“.

Новото издание на „Диво месо“ со логото на издавачкиот центар „Три“ е особено значајно за нив и по еден друг повод – токму оваа книга е нивното 1000-то самостојно издание од почетокот на формирањето во 1999 година.

– Со секоја прочитана книга од Горан Стефановски, одново сфаќаме зошто тој го промени текот на македонската книжевност. Стилски совршена, пишувана како огледало на денешните вредности, кај секого буди поттик да сврти нова страница. Сè додека не стигне до крајот на пиесата, каде што е почетокот на дејствувањето. Книга-будилник што ни кажува дека ние го создаваме домот – а домот се создава во нас. Со сета скриена и откриена симболика во ова ненадминато ремек-дело, Стефановски ни остави аманет што може да нè промени од корен. На тој начин, да ни го спаси коренот – посочуваат од „Три“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 189, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 29-30.7.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот