Три митови за бременоста во кои веруваме, а не се точни

бременост

Бременоста во реалноста и во филмовите е многу различна. Многу трудници се подложни на верување во „бабини деветини“, кои науката успешно ги руши.

Еве за кои верувања се работи:

Првородените деца се раѓаат подоцна

Уште од почетокот на бременоста гинеколозите прогнозираат одреден датум, но само четири отсто се раѓаат во тој термин. Во поголем број случаи се раѓаат подоцна или порано, бидејќи не може со голема точност да се предвиди датумот на зачнување, туку тоа е само приближно.

Постои верување дека во првата бременост трудницата го „надносува“ бебето, но тоа е поради споредбата со предвидениот краен термин. Всушност, гинекологот го „прогнозира“ овој датум врз основа на последната менструација, а зачнувањето можеби се случило доста подоцна. Поради ова и постојат тие отстапки од предвидениот термин.

Зачинетата храна предизвикува предвремени контракции

Во една стара студија било напишано дека зачините може да предизвикаат контракции на мускулите, а со тоа и на ѕидовите на матката. Но, всушност вистината е дека контракциите постојат само во цревата, а тврдењето дека зачините може да влијаат врз предвремени контракции никој научно не го докажал.

Единствена логика постои во тоа што трудниците имаат почувствителен дигестивен систем, па зачинетата храна може да им предизвика тегоби со варењето.

Пукањето на водењакот е драматично

Во филмовите гледаме шокантно пукање на водениот меур и истекување на големи количини плодова вода, по што следуваат неколку контракции и напнувања, па бебето излегува за неколку минути.

Во реалноста, контракциите почнуваат пред пукањето на водењакот, а постојат и многу случаи кога акушерите го пукаат со медицински инструмент. Исто така, регистрирани се и неколку случаи кога бебето се раѓа во водењакот, а потоа хируршки се отстранува. Наводно вака е роден и познатиот Сигмунд Фројд.

Пукањето на водењакот најчесто е проследено со слабо истекување плодова течност, а не со драматична поплава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот