Три малолетни девојчиња загинаа во несреќа со мигранти во близина на грчкиот остров Хиос

Фото: Европско-медитерански сеизмолошки центар

Три девојчиња, неофицијално сестри на возраст од пет до десет години, го загубија животот во несреќа со чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Хиос, а спасени се 16 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека на карпестиот брег во североисточниот дел на островот била спроведена спасувачка акција во која биле откриени безживотните тела на трите малолетни девојчиња и спасени 14 лица, додека пак на копно биле пронајдени и спасени уште две лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот