Три лица се повредени во сообраќајка кај Сити Мол

Фото: МИА

Три лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајната несреќа која вчера на пладне се случи на крстосницата од  бул.„Партизански одреди” со ул.„Љубљанска” и ул.„Московска”, кај Сити Мол, соопшти МВР.

Во несреќата, како што информира МВР, учествувале „форд”, со охридски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(48) од Охрид и „сеат”, со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Х.Б.(40) од Скопје.

– Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил В.Т., а со телесни повреди сопатникот од истото возило С.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, додека со телесни повреди се здобил С.Х.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”, посочуваат од МВР.

Бил извршен увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот