Три лица повредени во сообраќајна несреќа во Скопје

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Во сообраќајна несреќа која се случила вчера во Скопје повредени се три лица.

„Вчера, во 6.45 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Карпошово востание и улицата Драгиша Мишовиќ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел вектра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. С. (24) од с. Љубанци, Скопско, и патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С. Т. (57) од Скопје.Во несреќата тешки телесни повреди добил Б. С., а телесни добиле С. Т и сопатничката од возилото „опел вектра“, А. М. С. (21) констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот