Три имиња во игра за нов менаџер на Манчестер јунајтед

Ралф Хазенхитл моментно седи на клупата на Саутемптон/ фото: EPA-EFE/Adam Davy

Управата на Манчестер јунајтед по Маурисио Покетино и Ерик тен Хаг, додаде и трето име на листата на потенцијални тренери за следната сезона, тоа е актуелниот предводник на Саутемптон, Ралф Хазенхитл.

Англиските медиуми пшуваат дека Хазенхитл ја импресионирал управата на Јунајтед и поради тоа е додаден на листата на потенцијални наследници на Ралф Рангник.

Германецот веќе три години седи на клупата на Саутемптон кој моментно се наоѓа на деветтото место на табелата во Премиер лигата, што за многумина е изненадување бидејќи на стартот од сезоната на „светците“ им предвидуваа борба за опстанок.

Хазенхитл сезонава оствари добри резултати против посилните екипи, ремизираше со Манчестер сити и со Манчестер јунајтед, а го победи Тотенхем.

Актуелниот менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, на крајот од сезоната ќе си замине од клупата и ќе добие функција во управата на „црвените ѓаволи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот