Транспаренти со поддршка за камионските превозници на ГП „Табановце“ и „Богородица“ (ФОТО)

Камиони / Фото: Архива на „Слободен печат“ / илустрација

Голем број домашни и странски превозници изминатиот период останаа заглавени на затворените гранични премини.

Возачи на камиони, Ви благодариме! Вие сте нашата надеж! Транспаренти со ваква содржина се поставени на сообраќајниците во Скопје и граничните премини Табановце и Богородица.

Транспрентите ги постави асоцијацијата на превозници СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, со што се приклучи кон акцијата што се спроведува во повеќе држави во светот во знак на поддршка на транспортерите, имајќи во предвид нивната улога за превозот на стока во услови на ограничувањата за движење поради кризата со вирусот Ковид-19.

Голем број домашни и странски превозници изминатиот период останаа заглавени на затворените гранични премини, а надлежните институции од државите во соработка со транспортните асоцијации и стопанските комори преземаат активности за нивно непречено движење.  За олеснување на транспортот на стока земјите од регионот и од Европската унија договорија воспоставување зелени коридори за транспорт на стоката од примарно значење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот