Трамп за говорот на Бајден: Не води до работ на Трета светска војна

Доналд Трамп/ Фото: Brian Cahn / Zuma Press / Profimedia

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изнесе салва од напади врз претседателот Џо Бајден, остро осудувајќи го неговото обраќање за состојбата на нацијата.

Додека салата во Претставничкиот дом полека се празнеше, тимот на Трамп објави на Твитер претходно снимено видео од неговиот „одговор“ за состојбата на нацијата.

Трамп го обвини Бајден дека „не доведе до работ на Третата светска војна“ поради неговото справување со руско-украинската војна и дека неговиот наследник е „најкорумпираниот претседател во американската историја“.

Во „огненото“ двеминутно видео, Трамп ги опиша САД како земја под опсада од имигранти на нејзината јужна граница, нарушена со политичка корупција од администрацијата на Бајден и измачена од инфлација.

Трамп ги обвини Бајден и „радикалните демократи“ за неуспех во имиграцијата и криминалот и го осуди начинот на кој претседателот се справува со трансродовите прашања.

-Неговата администрација води војна против слободата на говорот. Тие се обидуваат да ги индоктринираат и осакатуваат нашите деца. Тој не води на работ на Трета светска војна. И згора на сето тоа, тој е најкорумпираниот претседател во американската историја, рече Трамп.

Трамп кажа и дека милиони имигранти без документи „се прелеале преку нашата јужна граница“ и дека нарко картелите „сега заработуваат милијарди долари со шверц на отров за да ги убијат нашите луѓе и нашите деца“.

-Дивјачки убијци, силувачи и насилни криминалци се ослободуваат од затвор за да го продолжат својот бран од криминал, рече Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот