Трамп: Веруваме дека знаеме кој е виновникот за нападите во Саудиска Арабија

Фото: Принтскрин

САД се подготвени да одговорат на нападите врз саудиските нафтени инсталации, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп, цитиран од западните агенции.

„Има причини да веруваме дека знаеме кој е виновникот. Подготвени сме да одговориме, но ќе го почекаме саудиското кралство да ни каже кого смета за одговорен за овој напад и под каква форма да реагираме”, напиша Трамп на Твитер.

Јеменските бунтовници Хуси ја презедоа одговорноста за нападите врз нафтените инсталации на саудискиот нафтен гигант „Арамко”.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во саботата го обвини Иран дека стои зад нападите. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави, обвинението го нарече „апсурдно”.

Во друг твит Трамп ги демантираше информациите дека е подготвен да се сретне со иранското државно раководство без претходни услови.

„Неточните вести велат дека сум подготвен да се сретнам со Иран ‘без услови’. Тоа е неточно тврдење (како што е вообичаено)”, напиша Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот