Трамп се надева дека ќе биде избран со помош на Господ

Вакви изјави се се почести како се приближуваат претседателските избори закажани за ноември годинава.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека се надева дека ќе биде избран со помош на Господ, јави телевизијата Фокс Њуз.

-Се што можам да правам е да се надевам, дека тоа е вистина, изјави Трамп на прашање на новинарот дали смета дека тој е избран од Господ.

Претходно, двајца американски професори по теологија кои изучуваат религија и политика изјавија дека се повеќе Американци веруваат дека на функцијата претседател на САД, Трамп бил избран од Бога.

Вакви изјави се се почести како се приближуваат претседателските избори закажани за ноември годинава.

Такви пораки доаѓаат и од високи официјални лица. Така на пример, Рик Пери, поранешен министер за енергетика на САД, лани во ноември изјави дека претседателот Трамп „е избран од Господ да ја води Америка”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот