Трамп му честиташе на Џонсон: Ќе биде одличен! – Слободен печат
ВестиПланета

Трамп му честиташе на Џонсон: Ќе биде одличен!

Му честитам на Борис Џонсон што стана нов премиер на Обединетото Кралство. Ќе биде одличен!, напиша Трамп На Твитер.

Американскиот претседател Доналд Трамп му го честиташе денеска на Борис Џонсон изборот за нов премиер на Велика Британија.

– Му честитам на Борис Џонсон што стана нов премиер на Обединетото Кралство. Ќе биде одличен!, напиша Трамп На Твитер.

Џонсон денеска е избран за нов претседател на Конзервативната партија, а со тоа и иден премиер на Велика Британија.

Тој убедливо го победи противкандидатот, актуелниот министер за надворешни работи Џереми Хант, освојувајќи 92.153 гласови наспроти 46.656 гласови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close