Трамп ќе го покани Путин на самитот на Г7

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го покани рускиот претседател Владимир Путин на проширениот самит на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7).

– Секако дека би го поканил на состанокот. Мислам дека тој е важен фактор, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.

Тој додаде дека размислува да го одржи самитот по претседателските избори во САД во ноември.

Самитот, кој требаше да се одржи во јуни во Кемп Дејвид, беше до септември.

Трамп претходно соопшти дека ќе покани претставници на Русија, Австралија, Индија и Северна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот