Трајанов: Се залагаме за реизбор на сите судии кои го штитат криминалот

Фото: Миа

За само 2.5 години се донесоа многу тешки но и многу важни одлуки кои ги отворија перспективите на нашата држава, истакна Павле Трајанов претседател на Демократски сојуз, партија дел од Коалицијата предводена од СДСМ.

– Република Северна Македонија станува членка на НАТО сојузот, слободна држава која привлекува странски директни инвестиции и многу можности за младите дома во својата држава, -посочи Трајанов.

Многу резултати и успеси се постигнаа и тоа на долг рок, се врати  демократијата и слободата во земјата , слободно може секој да се изразува и да каже сопствен став, смета Трајанов.

Во однос на правдата и правната држава Трајанов истакна дека за жал имаме заостанување, за разлика од сите други области каде бележиме напредок. Тој додаде дека неговите заложби остануваат во насока на реизбор на сите судии кои го штитат криминалот, кој според него бил направен од минатата власт.

Како партија се залагаме за ревносна борба против сите оние кои ја злоупотребиле својата положба, да им се одземе можноста да бидат политичари и да им се забрани нивно политичко дејствување, порача Трајанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот