Трагична лирска исповед на Зоран Пејковски е објавена на хрватски јазик

Неодамна во издание на Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ објавена е збирката песни „Дах смрти“ на македонскиот драмски писател, драматург, сценарист, прозаист, публицист, театролог и поет Зоран Пејковски. Препевот на песните на хрватски јазик е на писателката и поетеса Снежана Алексиќ – Станојловиќ.

Збирката за првпат е објавена во 2018 година, во издавачката куќа „Феникс“ од Скопје, а во 2019 година беше направена и аудио книга.

За овој поетски ракопис, уште во 2018 година, проф. д-р Васил Тоциновски напиша: „Станува збор за трагична лирска исповед напишана во мигови кога дошло време за разделба со еднаш и кратко дадениот живот додека здивот на смртта своите студени усни, како отворени рани за кои нема мелем, се множат по телото. Не останало ништо од човекот, времето и просторот. Постои само зборот не како утеха, туку како верба со него и во одговорноста пред него како писмо да се остават аманети, пораки и поуки до поколенијата и идните времиња. Оттука епското како стожерна мисла и смисла од творечката лабораторија на Пејковски е своевидна фреска на субјектот или поточно на главниот херој поетот, чија животна судбина ја сочинува основата на сижето“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 107, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 27-28 ноември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот