Трагичен крај на потрагата: Киднапираната мексиканска конгресменка пронајдена мртва

Фото: Facebook

Ликвидацијата на младата конгресменка Буено не е прв таков случај во државата Колима каде организирани криминални банди последните неколку години спроведуваат насилство и терор.

Претседателот на Мексико Андрес Мануел Лопез Обрадор соопшти денеска дека во државата Колима е пронајдено безживотното тело на конгресменката Анел Буено (38), месец дена откако вооружен киднапер ја грабна, извести АП.

Тој изјави сочуство до семејството на настраданата конгресменка.

Вооружен киднапер ја грабна Буено на 29. април додека во градот Икстлахуакан во државата Колима промовирала мерки за заштита од коронавирус.

Претседателот на Мексико изјави дека телото на настраданата конгресменка е пронајдено вчера, и дека еден осомничен е задржан во притвор.

Ликвидацијата на младата конгресменка Буено не е прв таков случај во државата Колима каде организирани криминални банди последните неколку години спроведуваат насилство и терор.

Поранешниот градоначалник на Икстлахуакан Криспин Гутиерез е убиен во 2017 години, а минатата година градоначалникот на блискиот пристаништен град Манзанилоа е нападнат со огнено оружје, но успеал неповреден да им побегне на напаѓачите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот