ТРАГЕДИЈА ВО АВСТРАЛИЈА: Ајкули изедоа млад фудбалер

твитер

Австралиската полиција една недела откако беше пријавен за исчезнат, го пронашла безживотното тело на 21-годишниот австралиски фудбалер Ерик Биригити.
Неговото тело испливало на една од плажите во јужна Австралија, но призорот бил страшен, телото било растргнато од ајкули.

„Сестрата и татко ми видоа како ајкули нападнаа млад човек. Една од нив беше игромна“, изјави за австралиските медиуми, очевидец на страшниот настан.

Полицијата но и медиумите шпекулираат дека несреќниот фудбалер се лизнал и паднал во морето по што силните морски струи го одвлекле далеку од брегот.

Веднаш откако беше пронајдено телото на несреќното момче, плажата Твајлајт беше затворена за посетители, а беа поставени и табли со предупредување дека во близина има ајкули.

Ериг Бирингити настапуваше за универзитетскиот тим на Хејстингс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот