Торбата „вредна“ милион евра не завршила како доказ кај Рускоска

Торбата „Луј Витон“ од видеото на „Ла верита“ која во рацете на Бојан Јовановски викан Боки 13 ги прошетала европските метрополи не завршила меѓу доказите на обвинителката Вилма Рускоска, објави Телма.

Скапата брендирана чанта која доби нуште поголема вредност затоа што транспортирала милион евра јавноста виде дека тргнала од домот на Орце Камчев, но каде завршиле парите не се знае.

„Чантата за која покажувате интерес не е дел од доказите на предметот „Рекет“ и обвинителството нема докази дека во неа бил вграден уред за следење. Имено, сведокот ниту во исказ даден пред јавен обвинител, ниту пред судот не изјавил дека во чантата е вграден каков било уред“, реагира Јавното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот