„Тојота” ја прекинува работата во Кина поради коронавирусот

Производството во две фабрики за мотори претходно го прекина и „Хонда”. 

Производството во фабриките на „Тојота” во Кина е прекинато најрано до 10 февруари, а причина е опасноста од ширење на коронавирусот.

Работата е прекината во фабриките во градовите Тјенџин и Гуангџоу, каде годишно се произведуваат повеќе од 600.000 автомобили.

Фабриките моментно не работат поради празник. Било планирано да се почне со работа на 3 февруари, но поради ширење на коронавирусот датумот е сменет.

„Тојота” одлучи да донира во Кина медицински маски и друга опрема за прва помош во вредност од околу 1,4 милиони долари.

Производството во две фабрики за мотори претходно го прекина и „Хонда”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот