Тивка кампања на Мицотакис, фаворитот на грчките избори

Лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис, продолжува со интензивната предизборна кампања и покрај тоа што според анкетите, е фаворит на парламентарните избори кои во недела ќе се одржат во Грција.

Наместо за масовни митинзи кои со децении доминираат во грчката политика, тој се определи за собири во сали по примерот на американските кампањи, наведува АП.

По доаѓањето во Лаврио, стар фабрички град кај Атина, го поздрави група минувачи со кои потоа разговараше, се ракуваше, а пензионерите ги гушна и тоа го фотографираше со мобилен телефон..

Група од 50-тина луѓе потоа љубезно го сослушаа неговиот десетминутен говор, желни да добијат можност да го запознаат човекот кој има големи шанси за победа на изборите.

Мицотакис (51) настојува со платформата која поддржува бизнис и ЕУ да му се спротивстави на лидерот на левичарската Сириза и актуелен премиер, Алексис Ципрас.

– Сакам од Грција да направам нормална европска земја. Доста ми е од тоа да не третираат како пример за криза, изјави Мицотакис за АП.

Заминувајќи од Лаврио, тој со остри зборови му се обрати и на Ципрас кого го нарече популист кој ги поткопал државните институции и ветил премногу.

– Знае дека ќе изгуби. Единствено што прави е што се обидува да не претстави како големи и лоши неолиберали кои доаѓаат на власт за да им ја исцицаат крвта на луѓето. Тоа никаде не поминува. Тоа е застарено – рече Мицотакис.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот