Тинејџер од Албанија сакал да влезе во Британија сокриен во мртовечки ковчег, платил 9.000 фунти

Сокриен во мртовечки сандак, тинејџер од Албанија требало илегално да влезе во Велика Британија, но го фатиле француски граничари, при рутинска контрола на комбето со кое се возел.

Според албанските медиуми, тинејџерот, чиј идентитет не се наведува од правни причини, пред надлежните изјавил дека платил 9.000 фунти за своето патување во Британија со комбе.

„Ме ставија во ковчегот на сервисна станица на автопатот во Стинворде (северна Франција). Сигурно бев внатре најмалку еден час додека комбето застана“, додал тој.

Ковчегот, на кој му бил зашрафен капакот, бил скриен меѓу дрвени кутии во задниот дел на комбето “Мерцедес Спринтер”. Возачот, Романецот Лусијан-Раду Ризае, негирал дека имал било каква информација за она што било пронајдено во возилото што го управувал.

Млади Албанци, пред се од северниот дел на земјата, Кукс и Скадар, масовно заминуваат во Велика Британија. Минатата година со гумени чамци преку Ла манш на британска територија пристигнале најмалку 13 илјади.

Поради засилените контроли сега најчесто се обидуваат да влезат скриени во камиони кои транспортираат разна стока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот