Тие се причината зошто се успешни: Самохрани мајки на познатите! (ФОТО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Тие се причината зошто се успешни: Самохрани мајки на познатите! (ФОТО)

Овие жени потполно сами успеале да одгледаат навистина успешни деца.

Во денешно време не е толку тешко да се запознае мајка која сама ги одгледува децата. Околу 16 милијарди деца во САД се одгледуваат без татко. Во поголем број од случаевите жените стануваат самохрани мајки, не затоа што тоа го сакаат, туку поради своите околности. Ист е случајот и со овие мајки кои самостално ги одгледале познатите личности чије име многу добро го познавате. Инспирацијата доаѓа од силата на мајките на познатите пејачи, политичари и актери кои ќе може да ги видите во продолжение.

Маршелин Бертранд – мајка на Анџелина Џоли

Instagram

Маршелин Бертранд, мајка на познатата филмска ѕвезда Анџелина Џоли, исто така сонувала за кариера во кино. Во 1971 година  Маршелин се омажила за младиот актер Џон Воит, но 9 години подоцна парот се развел. Жената морала да заборави на своите соништа за актерската кариера и својот живот го посветила кон одгледување на децата. Денес Анџелина Џоли позната е не само како успешна актерка, туку и како UNICEF амбасадорка и мајка на 6 деца.

Ан Данам – мајка на Барак Обама

Instagram

Ан Данам е американска антрополог и мајка на 44-от американски претседател Барак Обама. Ан ја запознала својата прва љубов, африканскиот студент Барак Обама, кога студирала руски јазик на Хаваите. Неколку месеци од кога се запознале, тие се венчале. Наскоро го добиле својот син Барак Хусеин Обама. Ан која тогаш имала само 18 години, морала да се откаже од факултетот за да се грижи за својот син. Данам синот го одгледувала сама додека нејзиниот сопруг продолжил со школувањето на факултет, а 3 години подоцна таа се развела од него кога дознала дека тој има друга жена во Кенија. Барак Обама не само што беше првиот афро-американски претседател во историјата на САД, туку и добитник на Нобелова награда за мир во 2009 година.

Ирмелин Инденбиркен – мајка на Леонардо ди Каприо

Instagram

Леонардо ди Каприо е единствено дете на авторот на стрипови Џорџ ди Каприо и Ирмелин Инденбиркен. Кога тој имал само година дена, Џорџ и Ирмелин се развеле и Леонардо останал со мајка му. После разводот, неговата мајка морала да работи неколку работи само за да може да се осигура себе си и синот.

Пети Малет – мајка на Џастин Бибер

Instagram

Елизабет Патрициа Малет е канадски писател, продуцент и мајка на популарниот пејач Џастин Бибер. Кога имала 15 години, започнала врска со Џерми Бибер, а 3 години подоцна ја родила светски познатата поп-ѕвезда. Брзо после раѓањето на Џастин, парот се развел и Малет морала сама да го одгледува синот.

Аманда Корнет – мајка на Селена Гомез

Instagram

Животот на мајката на Селена Гомез е помалку сличен на приказната како родителите на Џастин. Аманда Корнет ја родила својата ќерка уште на 16 години кога била во врска со мексиканецот Рикардо Џоел Гомез. Кога Селена имала само 5 години, родителите се развеле. Мајката на идната ѕвезда била театарска актерка. Својата ќерка ја одгледала потполно сама, пренесува Брајтсајд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close