Ти Џеј Шортс прв стрелец во новиот триумф на Бон во Бундес лигата

фото: kfsm.mk

Во 32 коло од најсилното германско првенство составот на Бон ја оправда фаворитската улога дома над Баскетбал Брауншвајг (89:78).

Повторно блескаше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој беше најефикасен во новата победа на Бон.

Нашиот плејмејкер запиша 24 поени, еден скок и пет асистенции за 27 и пол минути игра на паркетот.

На спротивната страна Давид Крамер се истакна како прв стрелец со 23 поени.

На табелата води Бон со 58 бодови, колку што има и второпласираната екипа на Алба Берлин, со напомена дека играчите на Тумас Лисало имаат еден меч помалку.

Димитријевиќ повторно најефикасен, но Зенит се избори за „мајсторка“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот