Тетовската полиција ќе ги учи прводделенците како безбедно да стигнат на училиште низ сообраќајниот хаос

дете-училиште
Фото: Драган Митревски / Слободен печат

Тетовската полиција соопшти дека почнала нов едукативно-информативен проект „Поголема безбедност на децата во сообраќајот од домот до училиштето”. Со проектот ќе бидат опфатени учениците во прво одделение во сите училишта на тетовско-гостиварското подрачје.

-Целта на проектот е најмладите основци од најрана возраст да изградат сообраќајни навики и култура, во функција на нивната севкупна безбедност на патот до училиштата и воопшто. Првооделенците од ова и другите училишта поблиску ќе се запознаат со најосновните правила и прописи за нивна поголема безбедност во сообраќајот, но и со сообраќајните опасности и ризици на патот до училиштата и назад кон домовите. Покрај тоа, во рамки на проектот кој ќе се одвива до крајот на годинава, предвидено е и практична демонстрација на тоа-како безбедно да се движат, да ги преминуваат улиците и за што служи сообраќајната сигнализација, а за што ќе биде ангажирана и посебна приколка со сета неопходна опрема за таа намена, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Првото од серијата предавања во училиштата што ги одржуваат стручно обучени полициски службеници беше организирано во училиштето во тетовско Вешала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот