Тетовец загина сечејќи дрва

Увид извршиле екипа од СВР Тетово и јавен обвинител, по чија наредба безживотното тело на починатиот му е предадено на семејството.

Вчера во тетовската полиција е пријавено дека на нива во месноста „Гомуша“, атар на селото Требош, при сечење на дрво со моторна пила, во присуство на уште две други лица од тетовските села Џепчиште и Шемшово, падмало дрвото врз Ј.К.(62) од Шемшово, кој се здобил со тешки телесни повреди, од кои веднаш починал, информи портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Лекар од тетовската Итна помош констатирал смрт.

Увид извршиле екипа од СВР Тетово и јавен обвинител, по чија наредба безживотното тело на починатиот му е предадено на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот