Тетовец со месеци ја тепал и ја држел заклучена 19-годишната вонбрачна сопруга

Семејно насилство. Фото: Архива на Слободен печат

21-годишен жител на Тетово со месеци ја малтретирал и ја држел во соба 19-годишната девојка со која живеел во вонбрачна заедница, соопшти обвинителството. Жртвата од декември наваму била заклучена во една соба и насилникот секојдневно физички ја малтретирал, поради што имала и бројни повреди.

„Кога осомничениот во еден момент заборавил да ја заклучи вратата, девојката искористила прилика да побегне и да го пријави случајот во полиција“, информираат од ЈО.

За овој случај Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка, а судија од Основниот суд во Тетово го прифати и предлогот на насилникот да му биде одреден осумдневен притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот