Фото: Скриншот/dzen.ru

Тест на личноста: Како да откриете што крие мажот? Неговата сенка открива дали е искрен или манипулира

Мажот ретко се отвора и зборува искрено за себе. Тој зборува за работа, за политика, за автомобили, за сè – освен за она што навистина е во него. Неговите стравови, неговите сомнежи, неговите вистински желби, сето тоа го крие. Го крие толку длабоко што понекогаш и самиот заборава каде спие неговата сенка. Ова е тест што може да ја открие, пишува „Сенса“.

Но телото никогаш не лаже. Начинот на кој обично седи, гестот што го повторува постојано – тоа е неговата вистинска приказна, неговата сенка.

Ова не е научна анализа ниту претскажување на судбината – тоа се едноставно животни забелешки. Животот не е фотографија, човекот не е силуета, но понекогаш, зад една секојдневна поза, се крие целата суштина на машкото битие. И целиот негов бол. Погледнете ги овие силуети и споредете ги со неговата. Откријте дали во вас доминира женска или машка енергија.

1. Тврдина

Седи изолиран од светот. Рацете му се споени, нозете прекрстени. Тој е тврдина во која владеат тишина и ред. Смирен е и интелигентен. Но никому не верува – ни вам. Ќе ве пушти во својот кревет, но никогаш во својата душа. Зашто некогаш одамна неговата душа била предадена, и се заколнал дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори. Проверете што ви недостасува во животот.

2. Мислителот

Седи како Роденовиот „Мислител“. Раката на брадата, погледот насочен во далечината. Размислува за големи нешта – за иднината, за плановите. Гради замоци во воздухот и убедливо зборува за нив. Но ретко дејствува. Зашто дејствувањето бара ризик – а ризикот може да покаже дека неговите големи идеи се само илузија. Размислувањето е побезбедно.

3. Кралот на светот

Седи со раширени нозе, рацете зад главата. Тој е господар на својот живот. Ги гледа жените како да му должат нешто. Говори гласно, ветува многу. Но сета таа лажна цврстина е само евтин оклоп. Под него се крие уплашено дете кое очајно се плаши дека сите ќе видат каков навистина е. Откријте и која е вашата доминантна карактерна особина.

4. Карпа

Седи исправено, стабилно. Неговата реч е закон, неговите дела се цврсти како камен. Совршен сопруг, совршен татко. Сигурен како карпа. Но, дали некогаш сте виделе карпа да плаче? Или да се смее додека не заплаче? Тој си забранил да чувствува, бидејќи чувствата се слабост. А тој мора да биде силен – секогаш, за сите.

5. Мирни води

Седи малку погрбено. Неговиот став е став на жртва – тивко се жали на животот, на шефот, на вас. Успешно ве тера да се чувствувате виновни. Во неговиот свет сите се лоши, само тој е добар – но неразбран. Но не му верувајте: тој е најопасниот тип. Во неговите „мирни води“ демнат такви демони какви што не можете ни да замислите.

6. Учeникот

Тој секогаш слуша, но не вас. Ги слуша пријателите, колегите, авторитетите. Нивните мислења му се поважни од вашето. Вашите зборови за него се само „празни приказни“. Тој е добар ученик, но сè уште не ја научил најважната лекција – да мисли со своја глава и да ѝ верува на жената со која го дели животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот