Тешко повреден охриѓанец при обид за апсење, кај него била пронајдена марихуана

Апсење
Полициско апсење / Фото ЕПА

Вчера полицијата привела четириесет и шестгодишен охриѓанец кај кого била пронајдена марихуана. Најпрво тој дал отпор на полицијата и бил агресивен кон нив, а потоа пријавил дека полициските службеници употребиле прекумерна сила кон него.

„На 18.03.2024 во 14.25 часот на улица „Марко Цепенков” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Ј.М.(46) од Охрид кој, однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. При приведувањето бил извршен преглед кај него, при што била пронајдена и одземена марихуана. Во врска со настанот, Ј.М. пријавил дека, при преземањето мерки кон него, полициските службеници употребиле прекумерна сила, при што се здобил со тешки телесни повреди. За настанот бил известен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот