Тепачка кај Житен пазар во Кичево – Слободен печат
Хроника

Тепачка кај Житен пазар во Кичево

Полицијата извести дека Ш.И. (61) со остар предмет му нанел телесни повреди на Д.С. (55), двајцата од Кичево.

Во полициска станица во Кичево вчера околу 12 часот е пријавено дека на Житен пазар на улицата „Маршал Тито” бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад.
Ш.И. (61) со остар предмет му нанел телесни повреди на Д.С. (55), двајцата од Кичево. На Д.С. му била укажана лекарска помош во Општата болница во Кичево.
По целосно документирање на случајот, против Ш.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close