Тензија на германско-полската граница: Вооружени неонацисти се обиделе да спречат влез на мигранти

Германско-полска граница/ Фото EPA-EFE/Marcin Bielecki POLAND OUT

Германската полиција соопшти дека запрела повеќе од 50 десничари вооружени со солзавци, мачети и палки кои сакале да патролираат долж полската граница за да спречат мигранти да влезат во земјата. 

Вооружените лица го следеле повикот од страна на „Третиот пат“, екстремно десничарска партија за која се сомнева дека се поврзани со неонацистички групи, а тие ги испратиле нивните членови да ги запрат илегалните премини во близина на градот Губен на германско-полската граница.  

Полицијата запленила оружје на 50 осомничени и ги принуди да ја напуштат областа доцна синоќа, изјави портпаролот на полицијата. 

Некои од осомничени дошле на полската граница од различни делови на Германија. Десетици луѓе вчера се собрале во Губен за да се спротивстават на планираните десничарски патроли.  

Дополнителни полициски сили  

Германија распоредила дополнителни 800 полицајци на полската граница за да го контролира протокот на мигрантите кои се обидувале да влезат во ЕУ од Белорусија, изјави министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер. Тој е подготвен да ја зголеми таа бројка, „ако е потребно“, пренесува Билд. 

Тој додаде дека минатата година имало 6.162 неовластени влезови во Германија од Белорусија и Полска. Зехофер минатата недела рече дека Германија нема намера да ја затвори границата со Полска, но во неделата рече дека земјата можеби ќе треба да размисли за враќање на контролите.  

„Доколку ситуацијата на германско-полската граница не се смири, ќе треба да размислиме дали овој чекор треба да се преземе во координација со Полска и покраината Бранденбург. Таа одлука ќе зависи од новата влада“, додаде тој. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот