Тензии во Париз: Меси незадоволен го напуштил тренингот?

Големо е незадоволството во Париз по раната елиминација од Лигата на шампионите, па сега им останува само борбата за трофејот во Лига 1.
ПСЖ европската сезона ја заврши уште во осминафиналето, откако во двомечот Баерн Минхен ги елиминира „светците“. Ваквата ситуација е причина за незадоволство кај фудбалери на клубот, а меѓу незадоволните наводно бил и Лионел Меси.
Француските медиуми пренесуваат дека Меси го напуштил тренингот пред неделниот натпревар против Рен. Причината за напуштањето на тренингот не била никаква повреда или нешто слично, туку Меси покажал незадоволство од тоа како Галтие го водел тренингот.
🚨🚨 Leo Messi a quitté l’entraînement mardi car il était déçu de ce que proposait Christophe Galtier !
Le coach du PSG a tenté de le convaincre de rester, mais le joueur est quand même rentré chez lui. 🇦🇷💥
— Hadrien Grenier (@hadrien_grenier) March 17, 2023
Инаку, за овој натпревар против Рен се пишуваше и дека навивачите ќе искажат незадоволство кон Аргентинецот со свирежи од трибините.
ПСЖ на врвот во Лига 1 има десет бода повеќе од второпласираниот Марсеј и многу веројатно ќе ја освои титулата, но тоа не менува многу затоа што главната цел на клубот од Париз веќе неколку сезони наназад е Лигата на шампионите.