Тензично на јужната граница, статусот на мигранти сè уште нерешен

Фото: EPA-EFE/SOTIRIS BARBAROUSIS

Статусот на мигрантите кои престојуваат во грчкиот камп „Диавата“ сѐ уште не е решен. Проценките се дека меѓу 1.200 и 1.500 лица чекаат на грчко-македонската граница, откако на социјалните мрежи се појави лажна вест дека одново е отворена „балканската рута“.Тие доаѓаат од разни земји како што се Сирија, Авганистан, Пакистан и Бангладеш, а во бегалскиот камп живеат од 2016 година. Јасмин Реџепи од организацијата „Легис“ за ТВ 21 вели дека условите во кои мигрантите ги минуваат деновите се доста лоши.

Мигрантите вчера тргнаа кон грчко-македонската граница по таканаречениот „Пат  на надежта“, преку кој се стремат да стигнат до европските земји. Но, дојде  до судир со полициските сили. Според Реџепи, неколкумина мигранти се здобиле и со лесни повреди.

Министерката за одбраната Радмила Шекеринска денеска рече дека се следи состојбата на јужната граница и дека полицијата и војската се подготвени да реагираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот