Тенисерката Радукану за една година победила само на пет меча, а заработила над 15 милиони долари

EPA-EFE/RAY ACEVEDO

Британката е многу популарна во јавноста, има дарежливи спонзори и е шеста во светот на тенисот според заработувачката, иако речиси не игра

Британската тенисерка Ема Радукану е на шестото место на ранг-листата на спортисти од овој спорт (според Форбс) што најмногу заработиле во 2023 година, а меѓу тие шестмина е втората жена.

Ова е куриозитет затоа што Радукану годинава победила само на пет меча, а парите што ги заработила се од вносни договори со спонзори. Од наградите на турнирите таа заработила 300.000 долари, а од спонзори 15 милиони долари.

Главни спонзори и се Евиан, Бритиш ервејз и Диор. Заработувачката вртоглаво и расте иако не игра мечеви.

На првото место на оваа листа е Новак Ѓоковиќ (13,4 милиони долари од турнири, 25 милиони од спонзори), втор е Карлос Алкараз (11,4 милиони од турнири, 20 милиони од спонзори), трета е Ига Швјонтек (8,4 милиони од турнири, 14 милиони од спонзори), четврти е Данил Медведев (7,1 милион турнири, 13 милиони спонзори), петти Рафа Надал (1,5 милиони од турнири, 14 милиони од спонзори)….

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот