ТЕЛЕВИЗИСКА ДЕБАТА НА ЏОНСОН И КОРБИН: Конфликт околу Брегзит, а еве кој победи (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Борис Џонсон и Џереми Корбин прв пат се соочија во предизборна телевизиска дебата. Главната точка на нивниот „конфликт“ беше Брегзит. Додека Џонсон порачува дека ќе го спроведе договорот со ЕУ, Корбин ветува дека нема да го прифати.

Борис Џонсон вети дека ќе стави крај на „националната беда“ – Брегзит и истакна дека лабуристите нудат само „поделби и ќорсокак“.

Од друга страна, Џереми Корбин порача дека прашањето за Брегзит, во случај на победа на неговата партија, ќе биде решено така што народот ќе го има последниот збор.

Досегашниот премиер Џонсон сака да го освои мнозинството на изборите на 12 декември, за да би можел договорот со ЕУ за Брегзит да го воведе во Закон и Британија да ја изнесе од ЕУ до 31 јануари, како и да започне преговори за трговски односи со Унијата.

Корбин рекол дека тој „би го раскинал договорот со Џонсон“ и би преговарал за нов договор со ЕУ, за кој би одлучувал народот.

Џонсон и Корбин ги влегле во конфликт и за здравството, довербата и лидерството, иднината на Шкотска, но и за кралската фамилија.

Политичката уредничка на Би-Би-Си, Лаура Кунсберг оценила дека не е јасно кој ја добил дебатата, но дека било впечатливо колку публиката се смеела на нивните изјави.

Анкетите покажале дека е поделено мислењето во јавноста за тоа кој е победник – 51 отсто сметаат дека тоа е Џонсон, а 49 отсто дека е Корбин, пренесува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот