Фото: Инстаграм/Бресквица

„Текстот е геноциден“: Српската пејачка Бресквица доби остри критики за нејзината евровизиска песна

Српската пејачка Анѓела Иѓнатовиќ (22), позната како Бресквица, е една од 28-те натпреварувачи на годинашното издание на фестивалот „Песна за Евровизија“, каде што ќе биде избран претставникот на Србија на следното издание на Евровизија.

Иако нејзината песна „Гнездо орлово“ („Орелско гнездо“) е една од најслушаните на платформата Јутјуб, Бресквица доби и голем број негативни коментари за текстот на песната. Имено, многумина сметаат дека 22-годишната пејачка пее за „враќање на територијата на Косово кон Србија“.

Проблематичната строфа гласи:

Сив облак го покри небото, повторно има црни птици,
Грми, дува, паѓа град и го руши орелското гнездо,
Таткото му вели на малиот орел: „Сине, ќе биде готово“,
Ќе си заминат црните птици, повторно ќе биде ведро

„Последната реченица, според мене, целосно ја објаснува намерата на песната. Тоа значи дека Албанците ќе ‘исчезнат’ од Косово и дека Србите ќе имаат целосна контрола врз територијата. Тоа значи легитимирање на масакрот и етничкото чистење на Албанците во Косово“, напиша еден од твитерџиите.


„Бресквица има геноцидна песна“, „Евтино собирање гласови“, „И да победи, Евровизија нема да дозволи ваква песна“, „Страв и ужас“, се дел од коментарите.

Друг корисник на Твитер објави дека летната резиденција на Хитлер се вика „Орелско гнездо“ и дека тоа ја прави песната проблематична.

Младата пејачка не се огласи во врска со овие наводи. Пред неколку дена таа на Инстаграм напиша: „Сакајте се, почитувајте ги другите, бидете луѓе. Бидете горди на земјата од која доаѓате и обидете се да им ја претставите на сите како што треба“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот