Тејлор Свифт влезе во историјата, ги освои сите топ 10 места на листата на „Билборд“

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Пејачката Тејлор Свифт влезе во музичката историја со тоа што стана првата уметничка што ги освоила сите 10 најдобри места на топ-листата Хот 100 на „Билборд“.

„Билборд“ во понеделникот објави дека првите 10 песни на неговата листа Хот 100 оваа недела се сите од Свифт.

Тејлор е првиот изведувач кој постигна монопол над 10-те најдобри песни на топ-листата во 64-годишната историја на организацијата.

Претходниот рекорд од 10 најдобри песни од еден изведувач на топ листата го држеше Дрејк, кој беше одговорен за девет од 10 најдобри песни на Хот 100 во седум дена во септември 2021 година, објави „Мјузик њуз“.

ВИДЕО | Тејлор Свифт објави нов албум: Ова беше патување низ ужаси и слатки сонови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот