Тејлор Свифт го одврза ќесето, ги наградила вработените со 55 милиони долари

Фото: Инстаграм/Тејлор Свифт

Една од најпопуларните и најплатените пејачки во светот Тејлор Свифт го одврзала ќесето и им дала огромни бонуси на сите нејзини соработници, кои работат на нејзината нова турнеја.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Taylor Swift

Како што пишува магазинот „Пипл“, пејачката поделила дури 55 милиони долари бонуси, па само возачите на камиони, кои ги има повеќе од 50, добиле бонус од 100.000 долари.

Покрај нив, во нејзината екипа има и танчари, техничари за звук, организатори, луѓе задолжени за храна и многу други.

Инаку, турнејата на Тејлор Свифт наречена „Ерас“ стана еден од најголемите спектакли оваа година, а нејзините распродадени концерти секоја вечер собираа повеќе од 70.000 обожаватели.

Турнејата започна на 17 март во Глендејл, Аризона и ќе трае до 9 август, каде пејачката ќе ја заврши својата американска турнеја на стадионот „СоФи“ во Лос Анџелес.

Тејлор Свифт на концертот во Чикаго / 3 јуни 2023 / Фото: Shanna Madison / Zuma Press / Profimedia

Да потсетиме, Тејлор Свифт, од продажбата на картите за концертите во рамките на турнејата заработува повеќе од 13 милиони долари на ноќ и е на пат да оствари концерт со најголема заработувачка во музичката историја.

Според индустриското издание „Полстар“, Тејлор во текот на 22 дена од турнејата, заработила околу 300 милиони долари. Планирани се 50 настапи во САД, а потоа шестата концертна турнеја на кантавторката продолжува во странство. „Полстар“ проценува дека вкупната заработувачка од турнејата би можела да надмине 1,3 милијарди долари, со што пејачката влегува во историјата поради висината на заработувачката од концертите.

Тејлор Свифт си го оставала ѓубрето на улица: Има 32 казни

Фановите на Тејлор Свифт на концерт предизвикаа „земјотрес“ со јачина од 2,3 степени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот