Техеран ни прави сајбер-напади зашто ги прифативме иранските опозиционери, вели поранешен албански министер за одбрана

сајбер безбедност фото: МИА

Поранешниот албански министер за одбрана Фатмир Медиу, во врска со кибернападите од Иран врз Албанија изјави дека ова прашање е поврзано со МЕК, иранската опозициска група чии претставници се наоѓаат во Албанија. Дополнително, денешните напади се мотивирани и од одмазда поради одлуката на албанската влада да ги прекине дипломатските односи со Иран ја оцени како исправна, донесена во консултација со партнерите.

-Несомнено МЕК е една од главните причини, бидејќи тоа е единствената иранска опозиција. Односите на МЕК со Иран секогаш биле проблематични, секогаш имало конфликти. Ако треба да потсетам, иранскиот отпор дојде во Албанија по континуираните напади што се случија во логорот Ашраф, изјави тој преку Скајп за ABC.news.al.

Медиу дека за првите 210 припадници на МАК се разговарало за време на владата на Бериша, кога тој бил дел од неа.

-Бев дел од таа влада, ме контактираа и сум запознаен со проблемот. Тогашниот премиер побара јасен став од САД доколку Албанија направи чекор, дефинитивно тие лица не смее да бидат на списокот на терористи. Следен беше премиерот Рама кој освен првите 210 се согласи да го преземе целиот ирански отпор. Тие имаат статус врз основа на УНХЦР и се третираат според овој статус, изјави Медиу.

Тој посочи дека постои клаузула која им забранува да вршат политички активности, но оти таа, според него е малку нејасна во однос на Албанија, бидејќи од неа беше побарано да не се меша во внатрешната политика.

Тој одговори и на прашањето каков интерес имаат САД од оваа тензија со Иран.

-Во 2018 година албанската влада го протера амбасадорот заедно со двајца дипломати затоа што сакаа да извршат терористички чин во активноста на МЕК каде што бев и јас присутен заедно со Пандели Мајко. Значи има нивна терористичка ескалација, во овој случај албанската влада немаше друго решение. Што добиваат САД? Мислам дека јасно покажуваат дека стојат до Албанија. Кибернападите на Иран не се првпат да се случат во Албанија, се случија и неколкупати претходно.

Во кампот во Манзе кај Драч сместени се над 3 илјади муџахедини, кои во јули требаше да го одржат Светскиот самит на Слободен Иран, но беше одложен по информациите дека се подготвува терорстички напад. Веднаш потоа следуваа кибернападите врз владините системи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот